Сотирова Бухова: ДЗСИ нема ингеренции околу терапиите, заклучоците за Онкологија се политички реваншизам

Од:

Како поранешен директор на ДЗСИ, најостро реагирам на предлог заклучоците за моја политичка одговорност на Анкетната комисија при Собранието за случајот со онкологија вели Ирина Сотирова Бухова.

– ДЗСИ нема никаква законска надлежност во делот на препишување на терапија, распоредување на терапија и контрола над начинот на кој се аплицира терапијата. Во прилог на ова говорат и законските надлежности на инспекторите од ДЗСИ, од каде е јасно дека инспекторатот не е органот кој е надлежен за преземање на активности и проверки во конкретниот случај. Дополнително во рамки на инспекторатот додека јас сум била директор немало никаква пријава и инспекторатот немал никакви сознанија за евентуални неправилности, за да реагира и ги проследи сознанијата до надлежните институции.
Според тоа предлог заклучоците се неиздржани и се одраз на политички реваншизам. Како здравствен работник јас ја подржувам работата како на анкетната комисија така и на секој орган кој би придонел до расчистување на сите околности за овој случај, но не можам да останам нема на злоупотребата на овој процес за нелегитимно собирање политички поени и неоснована политичка дискредитација, се вели во реакцијата на поранешната директорка на ДЗСИ.

Би можело да ве интересира

Одбраната на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев бара укинување на притворот

Рочиште за аферата „Онкологија“: После одреден период сопругата нагласи дека не ја чувствува повеќе терапијата

Во Кривичен денеска треба да продолжи судењето за „Онкологија“

Одбраната на обвинетиот Васев побара државниот јавен обвинител Коцевски да го преземе предметот

МЗ: Пациентот што почина на Онкологија е донесен во многу тешка состојба

Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството денеска во Кривичен треба да продолжи случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи