Состојбата со поплавите во Прилепско полека се стабилизира, неколку села остануваат критични

Од:

Полето во Прилепско се уште е под вода иако се повлекува, но по вчерашниот критичен ден, состојбата полека се стабилизира, информира градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

Тој денеска заедно со вицепремеирот и министер за финасии Зоран Ставрески и претставници на Општинскиот кризен штаб и Центарот за управување со кризи ги посети наслените места Тополчани и Чепигово.

– Во изминатите два дена наврнаа преку 66 литри на метар квадратен со што е поплавен пелагонискиот регион. Водостојот на Црна Река денеска е намален за 50 сантиметри, но се уште постои можност за излевање. Браната на вештачкото езеро е стабилна иако водата се излева. Се изпуштаат по 1 200 литри вода во секунда, рече Ристески.

Во градот, додаде, нема посериозни проблеми, а градската река го достигна максималното ниво вода дури до мостовите.

– Најкритично беше во селата Клепач, Тројкрсти и Тополчани. Електрична енергија се уште нема во Големо Коњари, а во Мало Коњари наместа се интервенираше со багер да се направат испусти на патот. Има пријави дека одредени села во Мариово немаат електрична енергија. Екипите на ЕВН се на теренот, посочи Ристески.

Нагалси дека препораката од надлежните е водата за пиење да се преврива, особено во населените места кои се снабдуваат со вода од свои бунари и не се на системот „Студенчица“ чија вода е исправна. Центарот за јавно здравје перманентно прави проверки на водата.

Порача доколку има семејства на кои им е загрозен домот, да се обратат во Општината и оти просторот во касарната „Мирче Ацев“ им стои на располагање.

– Инситутиците остануваат на теренот, а допрва наредните денови комисиите ќе бидат на терен за да се знаат колкави се штетите од поплавите, рече Ристески.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он