Состојба во охридскиот регион и натаму неповолна, нивото на Охридското Езеро расте

Од:

Неповолните временски услови проследени со врнежи од дожд во охридскиот регион дополнително ја усложнуваат состојбата со водотеците од сливот, како и на самото Охридско Езеро чие ниво и натаму е во пораст. Реките од сливот на езерото веќе на повеќе критични места се излеаа предизвикувајќи материјални штети, најмногу на обработливите површини.

Нивото на Охридското Езеро, според последните потврдени информации, е на 694,02 метри надморска височина, што е 27 сантиметри над максимално дозволената кота, но реално водостојот е уште повисок доколку се има предвид што и денеска во регионот интензивно врне дожд и што надлежните служби нЕ ги објавуваат денешните податоци за нивото на водата во езерото.

Високиот водостој веќе создава проблеми во населбите на самото крајбрежје, особено во првиот ред од станбените објекти каде веќе се регистрирани поплавувувања на подземни простории. Надојденото езеро потопи дел од плажите на источното крајбрежје, забележано е и поткопување на магистралниот патен правец Охрид – Свети Наум, а почвата веќе не може да прими вода, така што под вода се големи површини во непосредна близина на езерото. Студенчишкиот канал веќе е целосно исполнет, водата поплави дел од брегот, додека речиси сите тревнати површини на излетничкиот локалитет Билјанини извори се под вода. Водата не може да ја прими ниту канализациската мрежа и на многу места има прелевање на шахтите. Тоа предизвикува големи проблеми во функционирањето на Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро, кој нема капацитет да ги прими канализациските и атмосферските води. Проблем при вакви неповолни хидролошки услови е и големото количество отпад што ги носат реките и самото езеро го исфрла на брегот.

Кога се работи за водотоците, проблеми се регистрирани на оние критични точки каде секогаш при зголемен водостој се јавува излевање на реките од своите корита. Регистрирано е излевање на Голема Река од коритото во месноста Средорече, на потегот меѓу селата Велмеј и Белчишта во општината Дебрца. Под вода се дворови, обработливи површини, а наместа водата е надојдена до пред самите станбени објекти. Издашноста на изворите во регионот е зголемена, што заедно со врнежите придонесува за зголемување на водостојот на реките од сливот на езерото. Преземени се мерки за намалување на опасноста од излевање, како што е отворањето на пропустите на старото корито на реката Сатеска, но тоа не придонесува за намалување на водостојот на Охридското Езеро.

oh ezeroto (4)

Ситуацијата и натаму останува неповолна, уште повеќе што нивото на Охридското Езеро и во случај на престанок на врнежите ќе расте, оттаму што тоа ги акумулира сите водотоци од регионот и водата од снегот што се топи од планините од опкружувањето.

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион