А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Состојба на патиштата и граничните премини

by А1он22/09/2014 - 09:35120
Share0

На регионалниот пат Пробиштип – Кратово поради појава на свлечиште, на влез во Кратово, има забрана за движење на автобуси и товарни моторни возила со тежина над 7,5 тони.

Добивај вести на вибер

На патниот правец Р2433 Радовиш – Конче, на 11-тиот километар има свлечиште, поради што сообраќајот за патничките возила се одвива по една коловозна лента, а за тешките товарни возила има забрана за сообраќај.

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Од ГЕИНГ инженеринг информираат дека за потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на државните патишта, од 19.08.2014 год. се започна со активности на патиштата, односно геодетско снимање и геотехнички истражни работи на следните патни правци:

– на државен пат Р2343 (Р-502), делница Делчево – Голак
– на државен пат А-3, делница Превалец (Кочани) – Делчево
– на државен пат Р2335 (Р-512) и Р2336 (Р-514), делница Лажани – Ропотово – Црнилиште (Општина Долнени)
– на државен пат Р1402 (Р-605), делница од Старо Коњарево до Ново Коњарево
– на државен пат Р2335 (Р-512) делница Кривогаштани – Обршани – Воѓани

Работите се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот, а активностите се очекува да бидат со времетраење од 4 месеци.

Ве известуваме дека фирмата Геинг Инженеринг поради свлечиште ќе започне со изведување на активности,односно геодетски и геофизички снимања на патниот правец Р-1202 Маврово-Дебар.Работите на пат ќе се одвиваат на 19/22/23.09.2014

Геодетски снимања и теренски истражувања за „Извршување на геотехнички истражни работи и изработка на Технички решенија – Основен проект за Санација на свлечишта и стабилизација на нестабилни зони – свлечиште на патот Р2331 Битола-Нижеполе“ ќе се извршуваат во времетраење од 09.09.2014 до 08.10.2014, во зависност од временските услови.

– Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес – Скопје (од З.П. Кула – до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е
поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

– На патниот правец Кичево-Охрид во близина на Ботун поради изведување на градежни работи на пат, сообраќајот се одвива наизменично регулиран со семафори.

– На патниот правец А1 Гевгелија-Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица Отовица се изведуваат работи на мостовите, а сообраќајот по тие мостови се одвива по една сообраќајна лента.

– На патниот правец Велес-Штип од 23.05.2014 г. се врши реконструкција и рехабилитација од депонијата Велес до с.Лозово.

На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

soobrakaj

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Горан Наумовски19/06/2025 - 14:43

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Горан Наумовски01/06/2025 - 09:00

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Предраг Петровиќ16/05/2025 - 18:59

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

Горан Наумовски06/04/2025 - 08:53

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ06/01/2025 - 10:03

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Предраг Петровиќ11/09/2024 - 15:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен