Состојба на патиштата

Од:

На регионалниот пат Пробиштип – Кратово поради појава на свлечиште, на влез во Кратово, воведена е забрана за движење на автобуси и товарни моторни возила со тежина над 7,5 тони.

На патниот правец Радовиш – Конче (Р-2433), на 11-тиот километар има свлечиште, поради што сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На овој патен правец е воведена забрана за движење на тешки товарни возила.

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

На патниот правец Кичево – Охрид во близина на Ботун поради изведување на градежни работи на пат, сообраќајот се одвива наизменично регулиран со семафори за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

На магистралниот пат А2 од влезот до излезот на Кичево се изведува надградба на асфалтна подлога за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

На патниот правец А-1 Гевгелија – Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица „Отовица“ се изведуваат работи на мостовите за што е поставена соодветна вертикална сообраќајна и светлосна сигнализација, а сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента само по мостовите.

На патниот правец Дреново – Плетвар, во близина на каменоломот, во должина од 3 километри, поради изведување на градежно асфалтерски работи, сообраќајот ќе се одвива наизменично, регулиран со семафори, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Градежните работи започнуваат на денеска и ќе траат во наредните 15 дена.

Според известување од компанијата Геинг, за изработка на проектна документација за рехабилитација на патниот правец А1, делница Неготино – Демир Капија, ќе се изведуваат теренски активности, кои ќе се одвиваат од 16 јуни до 16август. Поради тоа ќе биде поставена соодветна вертикална сигнализација за времен режим на сообраќај. Работите ќе се изведуваат од 07:00 до 18:00 часот.

На патниот правец Фурка – Дојран, Р-1105, се изведуваат градежно-асфалтерски работи. Поставена е соодветна патна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење, како и почитување на поставената патна сигнализација.

Од 23 мај почна изведба на градежни работи „Реконструкција и рехабилитација на патната секција Велес – Кадрифаково“ Фаза 2 од депонијата Велес до с.Лозово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он