А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Состојба на патиштата

by А1он29/06/2014 - 11:01103
Share0

Министерството за транспорт и врски воведe времена измена на режим на сообраќај на државните патишта во Република Македонија, во период од 01.07 до 31.08.

Добивај вести на вибер

Се забранува сообраќај на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Забраната за деновите од викендот е: во петок од 17:00 до 22:00 часот; сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство за здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

За регулирање на сообраќајот и воспоставување на изменетиот режим, поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

На патниот правец Гостивар-Охрид од 1 Јули 2014 на сила стапува ограничениот режим на движење за тешки товарни возила над 7,5 тони. Ограничувањето на движењето е во следните периоди: петок од 15:00-24:00 часот, сабота и недела 07:00-24:00 часот. Овој режим на движење ќе важи до 1 Септември 2014 година.

Од 16.06.2014 започна времениот режим на сообраќај, забрана за движење на тешки товарни возила на подрачјето на Град Скопје. Забраната ќе важи во текот на денот и тоа од 10:00 до 20:00 часот, во периодот до 01.09.2014.

Од ова решение се изземаат возилата кои превезуваат жива стока, лесно расиплива стока, хуманитарна помош, медицински препарати, комунални возила, возилата на ЈГП, превоз на експлозивни, запаливи и отровни материи, возила за превоз на градежни материјали (сиров бетон), како и градежна оператива кои вршат градежни работи на градилиштата за Општините во Скопје, Град Скопје и Влада на РМ.

На регионалниот пат Пробиштип – Кратово поради појава на свлечиште, на влез во Кратово, воведена е забрана за движење на автобуси и товарни моторни возила со тежина над 7,5 тони.
На патниот правец Р2433 Радовиш – Конче, на 11-тиот километар има свлечиште, поради што сообраќајот за патничките возила се одвива по една коловозна лента, а за тешките товарни возила има забрана за сообраќај.

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

soobrakaj

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Горан Наумовски19/06/2025 - 14:43

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Горан Наумовски01/06/2025 - 09:00

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Предраг Петровиќ16/05/2025 - 18:59

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

Горан Наумовски06/04/2025 - 08:53

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ06/01/2025 - 10:03

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Предраг Петровиќ11/09/2024 - 15:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен