Состанок за заштита на биолошката разновидност

Од:

Иницијален состанок за новиот проект „Постигнување заштита на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитените подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирањето на намената на земјиштето“ ќе се одржи денеска во Охрид.

Состанокот ќе го отворат  заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски и претставникот од Канцеларијата на УНЕП во Виена, Пиер Карло Сандеи.

Состанокот е дел од низата активности и работилници кои во периодот од 9 до 12 јуни се одржуваат во Охрид, а се во врска со тековните и идните проекти кои ги спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање и Канцеларијата на Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП) од Виена, со финансиска поддршка од Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

Хани: Корупцијата најмногу ги погодува безбедносниот и еколошкиот сектор

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски