Состанок за улогата на омбудсманот во заштита на децата бегалци

Од:

Народниот правобранител со поддршка на CRONSEE-Mрежата на детски омбудсмани и организацијата „Save the Children“, денеска и утре во Скопје, организира тематски состанок за „Улогата на омбудсманот во заштита на децата бегалци/мигранти“.

Состанокот ќе го отворат народниот правобранител Иџет Мемети и директорот на програмата „Save the Children“ Северозападен Балкан, Ахмед Пјано.

За состојбата со непридружуваните деца бегалци/мигранти ќе зборуваат заменик народниот правобранител  Васка Бајрамовска-Мустафа, претставникот од Центарот за управување со кризи Душко Петровски, како и советникот за недискриминација и борба против трговија со луѓе при Министерството за труд и социјална политика, Светлана Цветковска.

За состојбата со децата бегалци/мигранти презентации ќе имаат преставници од омбудсман канцелариите на Албанија, Хрватска, Грција, Црна Гора, Србија, Романија, Словенија, Бугарија, Косово и на Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Сељами: Институционални пропусти кај семејното насилство – неопходна е итна реакција и без формална пријава

Турција се плаши од хаос и бран бегалци од Иран

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Народниот правобранител не е надлежен за министрите, потребно е непартиско толкување на законите

Селами: Враќањето на довербата во Народниот правобранител е клучен приоритет

Горан Наумовски

Фатон Сељами од Тетово е нов Народен правобранител

Гаши: Треба да се повтори огласот за член на Судскиот совет бидејќи има нов закон, денеска или утре ќе има решение за народниот правобранител