Состанок за состојбата со каналите во општина Гази Баба

Од:

Состојбата на каналската мрежа низ општина Гази Баба со оглед на временските состојби и топењето на снегот, беше тема на средбата на градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски со претставници од ЈП Водостопанство Скопско Поле.

– Се констатираше дека пумпните станици се во фукнција, а во континуитет ќе се продолжи со следење на состојбата на каналите, се вели во соопштението од општина Гази Баба, се вели во денешното соопштение.

На средбата се разговарало и за почнување изработка на проектна документација за постоечките канали во општина Гази Баба и пробивање нови. Утврдени се приоритетните насоки на кои треба конкретно да се интервенира за изработка на проектна документација за каналскиот систем.

Би можело да ве интересира

Бојанов: Советничка од Левица која е ударна тупаница на СДС, има бујна имагинација и за да ги сокрие своите врски со криминалното скопско подземје се служи со клевети и навреди

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица

Пожар во парк шумата „Гази Баба“

Горан Наумовски

46-годишен маж е пронајден починат во двор во Гази Баба

Мицкоски: Ова се избори кога триковите и измамите на нашите противници мора да бидат поразени

Стефковски: Ќе изградиме 40 детски забавни катчиња, и два адреналински паркови во Гази Баба