Состанок за ретки болести во Југоисточна Европа

Од:

Во Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе се одржи Петтиот состанок за ретки болести во Југоисточна Европа.

На состанокот, како што информираат од МАНУ, ќе стане збор за новите сознанија во дијагностиката, терапијата на ретките болести, како и користа на молекуларните сознанија за ретките болести во така наречените чести болести.

Учесниците на собирот посебен акцент ќе стават на генската терапија и митохондријални заболувања.

На состанокот најавено е обраќање на сопругата на македонскиот претседател Маја Иванова, на претседателот на МАНУ Таќи Фити, на министерот за здравство Никола Тодоров, на директорот на Истражувачки центар за генетски инжинеринг и биотехнологија „Ѓорѓи Ефремов“  Момир Поленаковиќ и на директорката на Универзитетска детска клиника Скопје, Аспазија Софијанова.

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Пациентите со ретки болести бараат да се зголеми буџетот за нивната програма

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството