Состанок на ОБСЕ за унапредување на правата на жените во полициската служба

Од:

Околу 35 претставници од Министерството за внатрешни работи, Полицискиот синдикат и од Здружението на жени на косовската полиција учествуваат на состанокот за деловно поврзување што се одржува во Скопје во организација на ОБСЕ.

Целта на состанокот е да се промовира половата еднаквост и унапредувањето на правата на жените во полициската служба.

– Родовата еднаквост и интеграцијата се клучни аспекти на работата на ОБСЕ и нашата Мисија го поддржува зголемувањето на учеството на жените и во националните и во локалните институции, како и во организациите на јавната безбедност и граѓанското општество, истакна Маријан Берец, заменик шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Претседателката на Женската секција на Полицискиот синдикат Хризантема Рандевска оцени дека состанокот ќе помогне да го насочат потенцијалот кон различните области на општеството и да се воспостави мрежа на родово интегрирање во регионот и пошироко.

Учесниците ќе ги споделат искуствата и идеите за тоа како подобро да ги инкорпорираат половите перспективи во секојдневната работа на полицијата и ќе ги идентификуваат областите за идна соработка. Тие ќе се запознаат и со активностите на Работната полова група на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и со работата на Здружението на жените во Косовската полиција, организација која има за цел да ја зајакне улогата и статусот на жените во спроведувањето на законот.

Би можело да ве интересира

На состанокот на ОБСЕ Блинкен предупреди дека Русија ја загрозува европската безбедност

ВИДЕО: Лавров влезе во Европската унија и тоа со руски владин авион

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски