Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – ЕУ

Од:

Започнува работната сесија на Мешовитиот заеднички комитет во Европскиот парламент . Со 10. состанок претседаваат германскиот европратеник Јоргос Шацирмакакис и македонскиот парламентарец Кенан Хасипи. Освен Хасипи, како дел од македонската делегација се и пратениците Андреј Петров, Силвана Бонева, Антонио Милошоски, Арбен Љабеништа и Зијадин Села.

На состанокот излагања ќе имаат министерот за надворешни работи Никола Попоски и Фернандо Џентилини од Советот на ЕУ, како и Александра Кас-Грање директор на Директоратот при Европската комисија, задолжен за Македонија.

Мешовитиот парламентарен комитет вообичаено се состанува два пати годишно и разгледува актуелни прашања од евроинтеграцијата и меѓусебните односи, упатува препораки за натамошни активности до македонските и европските институции.

Предвидена е размена и на мислења за реформите во областите опфатени со Пристапниот дијалог на високо ниво, за економските состојби, регионалното управување со отпад и алтернативни извори на енергија.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов