Состанок на лидерите од Процесот Брдо-Бриони утре во Скопје

Од:

Претседателот Стево Пендаровски, утре, во Скопје ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони.

На состанокот ќе учествуваат претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ и претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, во улога на ко-домаќини, како и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи Садриу, претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и членовите на претседателството на Босна и Херцеговина: Жељко Комшиќ, Денис Беќировиќ и Жељка Цвијановиќ.

Во фокусот на годинешниот состанок на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони во Скопје се европските интеграции, климатските промени и иселувањето на младите.

Процесот Брдо-Бриони првпат се одржа во 2013 година на заедничка иницијатива на претседателите на Република Словенија и Република Хрватска, во Брдо кај Крањ.

Главната цел на процесот е целосна интеграција на земјите од регионот во Европската Унија, стабилизирање на состојбите во Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања.

Лидерите на земјите од Процесот Брдо-Бриони се состануваат најмалку еднаш годишно.

Би можело да ве интересира

Вучиќ од Скопје: Србија останува доследна на своите искрени напори да создаде атмосфера на меѓусебна доверба

Горан Наумовски

Вучиќ од Самитот Брдо-Бриони: Интегритетот на Србија беше згазен како со чекан

А1он

Милановиќ: Бугарија поставува невозможни услови, навлегува во интимниот простор на Македонците

Жарко Настоски

Лидерите од Западен Балкан со заедничка декларација: Итно да почнат преговори со Скопје и Тирана

Жарко Настоски

Заврши пленарната средба на лидерите од Западен Балкан на Брдо кај Крањ

Пендаровски: Проширувањето на ЕУ мора да продолжи во пост-ковид Европа