Сослушана Лидија Димова за злоупотребите во Националната агенција, поради короната, истрагата ќе биде продолжена

Од:

Обвинителката што го води случајот за злоупотребите во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе побара рокот за истрагата да се продолжи повеќе од предвидените шест месеци. Според Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, причина за ова е коронавирусот, кој ја одолжувал постапката. Минатата недела сослушана е првоосомничената во случајот и разрешена директорка на Агенцијата, Лидија Димова.

„Другите две лица ќе бидат сослушани до крајот на овој месец, и тоа едното лице откако ќе му заврши периодот на изолација. Поради состојбата со пандемијата, дел од времето потребно за спроведување на истрагата измина во спроведување антиковид-мерки и протоколи, со што се јави потреба надлежниот обвинител во наредниот период да побара продолжување на рокот за истрага“, велат од Обвинителството за „А1он“.

Во мометот истражната постапка не довела до докази што укажуваат на инволвираност на други лица, односно можност за проширување на постапката.

Димова се сомничи за сторена измама на штета на средства на Европската заедница и злоупотреба на службената положба и овластувањето. Во случајот се опфатени уште три лица. Сопственикот на фризерницата „В.Е.З. трејд“, Зоран Златковски, чија фирма добивала проекти од Националната агенција, Александар Гочев, кој бил ангажиран во Националната агенција, и пензионираната благајничка Ана Павлиду. Гочев и Златковски се гонат за измама на штета на средства на Европската заедница. Павлиду се товари за кривично дело несовесно работење во службата. На сите, освен на Павлиду, им се одземени пасошите.

Случаите се поведоа откога „А1он“ објави дека скопска фризерница добила над 270.000 евра европски пари за едукација. Директорката Димова истражувањето го нарече манипулативно и организиран напад врз Националата агенција за европски образовни програми и мобилност. Преку социјалните мрежи Димова се обиде и јавно да го дискредитира новинарот заканувајќи се со тужба, на што реагираа и новинарските здруженија. Тогаш премерот Зоран Заев ги повика истражните институции да ја испитаат работата на Националната агенција.

Во вториот дел од истражувањето „А1он“ објави дека ангажирани во проект на фризерницата „В.Е.З. трејд“ обвинуваа оти сопственикот Зоран Златковски им префрлал пари на трансакциска сметка и  барал да му ги вратат во кеш. Златковски на заедничка онлајн прес-конференција посочи дека никогаш не зел пари во кеш.

Обвинувања на сметка на Димова имаше и од пензионираната благајничка во Националната агенција, Ана Павлиду. Таа во интервју за „А1он“ посочи дека ѝ бил вршен мобинг, но и дека соработничка на директорката Димова ѝ се заканувала со убиство.

Фризерницата немало да  го добие грантот од над 60.000 евра во акцијата „202“ доколку проектите биле финансирани според ранг-листата што ја направиле евалуаторите. Кога две апликации биле ставени на резервна листа, а една е одбиена за грант од евалуациската комисија, било прифатено да се финансира „В.Е.З. трејд“. Организација што имала повеќе бодови од „В.Е.З. трејд“ и не е финансирана со образложение дека има конфликт на интереси ја тужи Националната агенција. И Златковски се поврзува со вработена во Националната агенција, со која во минатото работеле на проекти со грантови од „Еразмус+“, но неговиот проект е со грант.

Би можело да ве интересира

ОЛАФ доаѓа за истрагата против Лидија Димова и фризерницата, ќе ги испитува злоупотребите со обвинителот

Ѓоргиевски назначен и за директор, по разрешувањето на Лидија Димова

Кристијан Ландов

Короната го одложува исказот на Лидија Димова, благајничката и соработникот, но и одлуката за обвинението

Кристијан Ландов

Националната агенција ги прекина проектите вредни 211 илјади евра на фризерницата на Златковски

Обемен доказен материјал против Лидија Димова и другите осомничени, истрагата може и да се прошири

Димова пред да ја разрешат исплатила 26 илјади евра кон фризерницата, додека Финансиската полиција водеше истрага

Кристијан Ландов