„Соработката е важна“ – нова интерактивна кампања на ОБСЕ за глобална соработка

Од:

Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ по повод одбележување на јубуилејот 40 години од основачкиот акт на организацијата денеска започна интерактивна кампања за промоција на безбедноста и мирот преку соработка насловена „Соработката е важна“ .

Со кампањата ОБСЕ ги повикува сите заинтересирани да испратат фотографии, видеа и пораки на социјалните мрежи за тоа како заедно да направиме безбедноста да стане реалност и да го промовираме мирот преку соработка.

– Кампањата „Соработката е важна“ има цел да покаже дека сите, а особено глобалната заедница, имаат улога во напорите да се направи светот побезбедно и помирно место, се вели во соопштението од седиштето на ОБСЕ во Виена.

Јавноста може да учествува користејќи го хаштагот #WeCooperate и #OSCE, преку Твитер, Инстаграм или директно на веб страницата www.osce.org/wecooperate како и на Фејсбук страницата на ОБСЕ.

Најдобрите предлози ќе бидат објавени на веб страницата и на секои две недели ќе бидат доделувани награди кои одразуваат различни аспекти од безбедноста и соработката. Поднесувачот на најдобриот предлог ќе биде гостин на ОБСЕ. Деталите од кампањата и правилата се објавени на веб страницата www.osce.org/wecooperate

Кампањата е дел од серијата настани за одбележување на 40-годишнината од потпишувањето на Хелсиншкиот финален акт, најважниот основачки документ со кој се создаде ОБСЕ, но и документ кој, се наведува, сè уште ги дава насоките за сеопфатниот пристап во безбедноста.

Би можело да ве интересира

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски

Хипи: Луѓето сакаат да бидат на евроатлантската траекторија бидејќи веруваат во слобода и демократија

Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, постигнат консензус за идниот претседавач, но не и за буџетот

Израел треба да ги знае правилата на војување, бројките на убиени цивили во Газа се страшни, смета Лавров

A1on