Соработка на катастрите од Македонија и Никарагва

Од:

Македонската Агенција за катастар на недвижности ќе разменува искуства со Катастарот од Никарагва, во рамки на проектот за реформи во земјишните политики што се спроведува во соработка со Светска банка.

Делегации од Светска банка и од Катастарот на Никарагва денеска се во посета на македонскиот катастар со цел да се договорат активностите за соработка.

Според Славче Трпески, директор на Агенцијата за катастар на недвижности, соработката се темели на основниот проект почнат во 2005 година за регистрација на недвижен имот и воспоставување катастар на недвижности. Проектот во 2010 година беше прогласен за најдобар проект на Светската банка и продолжува по истиот назив до јуни 2015 година со носечни активности за дигитализација на катастраските планови, рече Трпески.

Херман Естрада, директор на Катастарот на Никарагва истакна дека од Светска банка им се пренесени позитивни искуства за проектот во Македонија. – Имаме слушнато многу убави работи за Македонија. Нам во Латинска Амерка ни имаат кажано дека овој проект со вашата Агенција за катастар е најуспешниот во рамки на соработката со СБ. Претставниците на СБ споменаа дека Никарагва е земја во која добро се спроведува овој проект и се надевема дека можеме да си покажеме многу работи и да научиме едни од други, наведе Естрада.

Сари Сандерсон, претставник на Светска банка рече дека Македонија има катастар на недвижности кој е за пример во регионот со успешноста на реформите и оти има многу што да сподели со другите земји.

– Преку реформите успеавте да ја претворите Агенцијата за катастар на недвижности од техничка организација фокусирана на инженерскиот аспект и геодетските премери во модерна и фокусирана на давање услуги на клиентите. Клиентите никогаш не се задоволни и сигурна сум дека има уште многу работи кои може да се подобрат. Многу импресивно е што сте успеале да го намалите просечното времетраење на трансакцијата за впишување од 60 дена на 1 ден, наведе Сандерскон.

Според неа, реформите поврзани со земјишната политика во голема мера придонеле Македонија да биде рангирана помеѓу десетте земји со најголеми подобрувања во тој дел и во леснотијата на водење бизнис.

Би можело да ве интересира

Во првиот квартал 1.953 хипотеки на недвижности со вредност од 326.659.594 евра и 3.315.341.507 денари

Горан Наумовски

Прво намалување на цените на становите после четири години раст

Орце Костов

Рибароски: Агенцијата за катастар води хајка против приватните геодетски компании во спрега со судовите

Комора на геодетски друштва: Новиот тарифник е пресметка на директорот со приватните компании

Орце Костов

Поскапе имотниот лист: Катастар ги зголеми цените поради поскапата струја и повисоките плати

Орце Костов

Вработена во Агенцијата за катастар побарала поткуп од 2.000 денари

Горан Наумовски