Соработка меѓу УКЛО – Битола и компанијата LTH-леарница-Охрид

Од:

 Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола продолжува со директна соработка со бизнис секторот во југозападниот дел од државата.

Од секторот за односи со јавност при ректоратот на УКЛО – Битола соопштуваат дека во насока на воспоставување нови и продлабочување на воспоставените релации за соработка со бизнис секторот, претставници од УКЛО предводени од проректорката за наука, Елизабета Бахтовска оствариле работна средба со менаџерскиот тим на компанијата LTH леарница од Охрид.

– На работниот состанок беа разгледани можностите за остварување соработка во повеќе области, како и активно вклучување на студентите од машинскиот отсек и отсекот за мехатроника при Техничкиот факултет – Битола за реализирање на практиканска работа и вработување на дипломци од овој Факултет. Првите конкретни активности од договорената соработка се планирани за средината на декември, потврдуваат од УКЛО-Битола.

Соработката со стопанските субјекти од регионот во последните години придонесе значително да се зголеми бројот на стипендии кои бизнис секторот ги доделува за студентите на УКЛО, да се збогати клиничката настава преку учество на познати стручњаци од практиката, но и да се реализира соодветна практиканска работа за студентите, нагласуваат од секторот за односи со јавност при Ректоратот на УКЛО – Битола.

Би можело да ве интересира

Државната матура да се реформира и адаптира на образованието на иднината, но приемниот испит на факултетите е неопходен за валозирање на квалитетот и нивото на знаење на ученикот

Владата го одобри Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан

Факултетите денеска почнуваат со настава

Катерина Ѓуровски

Проректор Ѓуровски: Високото образование да создава кадар кој потребен на бизнисот за отворање на нови работни места

Ана Ололовска

Потпишан Меморандум за поинтензивна соработка меѓу УКЛО и приватниот безбедносен сектор

Ана Ололовска

УКЛО потпиша договор за соработка со Криминалистичко-полицискиот Универзитет од Белград

Жарко Настоски