Сопственици обвинуваат дека патот до Ски центарот Кожуф е затворен поради отворањето рудници

Од:

Сопственици на објекти кај Ски центарот „Кожуф” сметаат дека поради намерата да се отворат рудници, претходната власт им го затворила за сообраќај патот што води до нивните имоти.

Ангел Наков во име на сопствениците попладнево изјави дека регионалниот пат од Смрдлива вода до Ски центарот Кожуф бил пушен за сообраќај во декември 2013 година, но четири месеци подоцна во март 2014 година бил затворен за сообраќај.

– До денес овој патен правец е затворен за сообраќај. Полни четири години е без редовно одржување и е оставен на милост и немилост на природата. Приказната на надлежните е дека трасата била лоша, имало лош проект и планината била нестабилна. Сопствениците на објекти сметаат дека ниту трасата е лоша, ниту проектот е лош, туку основен фактор за оваа состојба е одлуката од претходната власт да го затвори овој патен правец и Ски центарот поради изградба на три огромни рудника на Кожуф, рече Наков.

Поради патот е стопирана и изградбата на скијачкиот центар Кожуф од 2012 година. – Имајќи во предвид дека во овој центар се инвестирани над 20 милиони евра, досега е нанесена огромна штета на сите инвеститори и сопственици, рече Наков.

Сопствениците бараат Владата веднаш да го оспособи регионалниот пат и да покрене постапка за одговорност. Наков најави и кривични пријави за сите раководни лица кои дозволиле пропаѓање на патот и неодговорно стопанисувале со него во изминатиот период.

Директорот на „Македонија пат“ Гајур Кадриу изјави дека патот до Ски центарот Кожуф е лошо трасиран и поради тоа е проблематичен.

Околу расчистувањето на снегот, Кадриу нагласи дека нивната механизација интервенирала на 10 и 11 март. – Снегот бил расчистен до рампата за влез во центарот, бидејќи до таму имало налог да се расчистува, истакна Кадриу.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

ЦУК: Спасен е човекот кој беше завеан и кој одбиваше помош за да не ги остави своите кучиња

Орце Костов

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

Орце Костов

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска