Сообраќајот се одвива тековно, на граничните премини нема подолги задржувања

Од:

Сообраќајот на сите патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Од Авто-мото сојузот на Македонија препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание препорачуваат на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Поради вршење на градежни работи за реконструкција и санација на мост на река Брегалница кај селото Долни Балван, Општина Карбинци, се забранува сообраќајот во двата правци по локалниот пат село Долни Балван – село Таринци во период од 14.01.2014 година до завршување на реконструкцијата на мостот на река Брегалница.

Од 1 април 2014 година воведени се нови термини за насоката на движење на патниот правец кој го поврзува Скопје со Македонски брод низ Националниот парк Јасен. Во правец од Скопје кон Македонски Брод сообраќајот се одвива од 6:30 до 9:00 и од 16:00 до 18:00, а во правец од Македонски Брод кон Скопје сообраќајот се одвива од 5:00 до 6:00 и од 18:30 до 20:00.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он