Сообраќајот се одвива тековно и без забрани

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива по наместа влажни коловози. Поради ниските температури можни се подмрзнувања на осојничавите места.

Патниот правец П-1103 Неготино-Радовиш, односно Неготино-Штип преку Лакавица мост бр. 9, преку реката Вардар, кој беше затворен за тешки товарни возила, поради деформација, оштетување на мостот, е целосно затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци и е пренасочен преку Криволак, односно патниот правец Неготино-Криволак-Пепелиште и тоа само за лесни возила. Забраната за тешки товарни возила на тој патен правец се уште е на сила. Одлуката беше донесена од Комисија составена од претставници на ЈП Државни патишта, ЈП Македонијапат, Градежниот факултет, Институтот за патишта и сообраќајната полиција. На патниот правец Демир-Капија-Смоквица поради преместувањето на осветлувањето во тунелот кај Демир-Капија, сообраќајот по потреба се одвива по една сообраќајна лента, за што е поставена соодветна сигнализација и семафорско решение.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење поради дождот и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците каде е можна почеста појава на одрони, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница кои можат да го попречат движењето на возачите. Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он