Сообраќајот се одвива по влажни коловози, магла на Плетвар и во Неготино

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Поради појава на магла, видливоста на Плетвар и во Неготино е намалена до 100 метри, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Од 15-ти ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба.

Би можело да ве интересира

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Метеж на ГП „Табановце“ – за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

А1он

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

АМСМ: Нема подолги задржувања на граничните премини

Спасен Германец кој залутал на Скопска Црна Гора

Катерина Ѓуровски