А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Сообраќајот се одвива непречено

by А1он26/05/2013 - 09:43121
Share0

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви коловози.

Добивај вести на вибер

На патниот правец Гостивар – Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента.
На патниот правец Демир Капија – Удово, кај тунелите на Демир Капија, се изведуваат градежни работи на пат. За тоа има поставено светлосна сообраќајна сигнализација (семафори) која го регулира сообраќајот.

На патниот правец Прилеп – Градско (Р106), 1 км пред тунел Фариш, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од 200 метри. Поставена е соодветна светлосна сигнализација за регулирање на сообраќајот.

Патниот правец Р-103 Неготино – Радовиш односно Неготино – Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр.9 преку реката Вардар, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила.

Поради оштетување на коловозот на патен правец Р-409 Маврово – Дебар во близина на Бошков мост сообраќајот се одвива во две ленти преку бајпас (додека траат санациите на оштетената коловозна лента).
На патниот правец А3/Р1-312, делница Велес – Кадрифаково се врши геодетско снимање на патот.
Според известувањето од АКТОР АДТ – Скопје АМСМ најавува: Периодично затворање на сообраќајот на магистралниот пат Е-75 во постоечкиот тунел во Демир Капија, за време на градежните работи за инсталирање на систем за заштита од одрони. Градежните работи се предвидени да се спроведат во периодот од 28.05.2013 (вторник) до 31.05.2013 (петок) во 4 секвенци со траење од 1 час. Секвенците кога сообраќајот ќе биде затворен за сообраќај се: од 9:30 – 10:30; 11:30 – 12:30; 13:30 – 14:30 и од 15:30 – 16:30 часот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

soobrakaj

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Горан Наумовски01/06/2025 - 09:00

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Предраг Петровиќ16/05/2025 - 18:59

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

Горан Наумовски06/04/2025 - 08:53

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ06/01/2025 - 10:03

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Предраг Петровиќ11/09/2024 - 15:43

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Предраг Петровиќ15/08/2024 - 19:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен