Сообраќајот по влажни коловози, магла на Стража

Од:

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива тековно по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Слаби врнежи од дожд има низ цела Македонија. Појава на магла со видливост до 100 метри има на планинскиот премин Стража.

АМСМ и Македонија пат предупредуваат дека во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Надлежните потсетуваат и дека од 15 ноември започнa законската обврска за поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2015 година.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава