Сообраќајот отежнат, забрани на повеќе патни правци

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег по коловозите по интервенција на екипите на Македонија Пат, а дел од патните правци се делумно или целосно затворени за сообраќај.

Забрани од утрово од 04:45 часот има на автопат Велес-Скопје од наплатна станица „Отовица“ до Кула каде има заглавено повеќе возила. Сообраќајот е во прекин на регионален пат Тетово – Јажинце кај село Јажинце поради обилни врнежи од снег. Од утрово од 6 часот во прекин е сообраќајот на магистралниот пат А-3 Штип -Кочани поточно од село Крупиште до бензиска пумпа „Ваго“ поради чистење на снежни наноси. Затворен за сите видови патнички товарни возила е патниот правец од Штипска петља до Катланово

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Маврово, Пресека, Ѓавато, Буково, Крива Паланка – граничен премин Деве Баир,  Струга – Ќафасан, Катланово –  Велес и обратно.

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес, кој синоќа беше во прекин, е нормализиран само за патнички возила по една коловозна лента. 

Од АМСМ препорачуваат исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.       

Исто така, се предупредуваат возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на  граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Во пресрет на студениот бран што ја зафати земјава и ќе трае неколку дена се препорачува до граѓаните да не патуваат и да не излегуваат од дома доколку немаат поголема потреба. Да носат топла облека, да конзумираат топли напитоци и доколку треба да работат на отворено тоа да го прават со паузи.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози