Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица има зголемена фреквенција на возила, времето на чекањето за излез од државата е од 30 до 45 минути. На останатите граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ЈП Македонија пат известува дека патниот правец с. Истибања – брана Калиманци (км.259+300) е затворен за сообраќај за сите категории на возила со записник. Сообраќајот ќе се одвива по алтернативни патишта.
1. За патнички и полутешки моторни возила сообраќајот ќе се одвива преку Виница –Бигла – Делчево.
2. За тешки товарни возила преку Виница – с.Смојмирово – Делчево.
ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 01.07.2019 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07. до 31.08. на државните патишта, со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Временските интервали се следни: петок: 17:00 – 22:00 часот, сабота: 09:00 – 18:00 часот и недела: 09:00 – 22:00 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Забрана за тешки товарни возила на магистрален пат А2: Од 01.07.2019 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на магистрален пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите. Временските интервали се следни: петок: 15:00 – 22:00 часот, сабота: 07:00 – 12:00 и 18:00 – 24:00 часот и недела: 07:00 – 22:00 часот. Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.