Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Потсетување за возачите дека законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, трае до 15.03.2020 година.

Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 15.11.2019 до 01.04.2020 е затворен за сообраќај за сите видови возила.

Сообраќајот на патниот правец Р1107 Ново Лагово – Витолишта од 26.02.2020 г. се одвива наизменично, по една коловозна лента поради изведување на градежни работи на пат (гребење на асфалт), во времетраење од 60 дена. На самото место на изведување на градежните работи поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Дoo “Стентон Градба” – Битола известува дека поради изведување на градежни работи, поточно санација на свлечиште (одрон) на регионалниот пат Р1102, делница Велес – Градско (транзитен дел низ Велес), од 24.02.2020 г. ќе има времено изменет режим на сообраќај сè додека траат градежните работи.

ДИГИТАЛ ДООЕЛ Струмица известува за времена измена на режим на сообраќај на државен пат А1, делница Демир Капија – Смоквица, за време на изведување на градежни работи – електрично осветлување на тунел Демир Капија на државен пат, согласно одобрението од Министерство за транспорт и врски. Предметната сообраќајна согласност е со рок на важност од 3 (три) месеци сметано од денот на издавање (02.01.2020 година).

Штрабаг АГ известува дека изведува градежни активности на експресен пат А4 делница Штип – Радовиш. Се препорачува до возачите внимателно да пристапуваат на оваа делница и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Г.П. Илинден – Струга известува дека поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с. Подмоље – Струга има времен режим на сообраќајот. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Информации за движење низ ЈАСЕН

Патниот правец кој го поврзува градот Скопје со Македонски Брод:

Скопје кон Македонски Брод 07:30 – 08:30 часот и 14:30 – 15:30 часот

Македонски Брод кон Скопје 06:00 – 07:00 часот и 16:00 – 17:00 часот

Би можело да ве интересира

Снег и дожд на Попова Шапка, магла на патните правци Страцин – Кратово и Велес – Катланово

Катерина Ѓуровски

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Снег на превоите Буково и Пресека, магла на патот Делчево – Македонска Каменица

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on