Сообраќајот кај Извор утре во прекин дваесетина минути

Од:

Поради изведување работи на пат односно минирање на патот А2 Кичево – Охрид, кај Извор, утре сообраќајот ќе биде во прекин 15 до 20 минути во период помеѓу 15:00 до 17:00 часот.

Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Би можело да ве интересира

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје