Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.
Магла со видливост до 50 метри има кај K. Паланка, Страцин,Тетово, Битола, Прилеп, Кичево, М.Брод, Кула и Петровец. На останатите патни правци видливоста е од 100 до 150 метри.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, соопштија од АМСМ.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.