Сообраќајни контроли во гостиварско: Претовар со патници и возачи без лекарски уверенија

Од:

По последната акција на полицијата за проверка на поширокото гостиварско подрачје, на возила што вршат јавен превоз на патници, санкционирани се 14 лица.

Според СВР Тетово, со контролата биле опфатени 29 возила, претежно комбиња што сообраќаат кон гостиварските села.
При тоа, откриени се девет возачи кои ги управувале комбињата без потребните лекарски уверенија, кај четири констатиран е претовар, наведуваат од СВР Тетово.

Откриените прекршоци санкционирани се со девет прекршочни и пет мандатни платни налози.

Глобата за управување без лекарско уверение изнесува 300 евра, а за претовар 45 евра во денарска противвредност.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози