Сообраќајната полиција во главниот град санкционираше 194 возачи

Од:

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30 јуни) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Според МВР, На територијата на град Скопје изречени се вкупно 194 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 47 санкции, 45 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, осум за возење без возачка дозвола.

– Изречени се 18 санкции за користење мобилен телефон, пет за возење под дејство на алкохол, 47 санкции за непрописно паркирање. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ