Сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце: Усмртена е мечка и повредени се две лица

Од:

Половина час по полноќ на регионалниот пат Тетово – Јажинце се случила сообраќајна несреќа во која е усмртена мечка, а повредени се две лица. Несреќата се случила кај Доброште.

– Во СВР Тетово е пријавено дека се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила, „фолксваген голф“ управуван од Б.Ш. (60) од село Доброште, „фолксваген туран“ управуван од Н.Г.(39) од село Теарце и мечка. Мечката е усмртена на самото место. Двајцата возачи се здобиле повреди констатирани во Клиничка болница во Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според информациите на СВР Тетово, по извршениот увид, усмртената мечка е предадена на Јавна установа Национален парк Шар Планина.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он