Сообраќајки низ Македонија, снегот направи хаос

Од:

Сообраќајни несреќи на автопатиштата низ Македонија по снежните наноси. На патот Велес-Скопје има судрени два автомобили и излизган камион. Две сообраќајки се случија на патниот правец Скопје-Штип. Очевидци, состојбата ја опишуваат како „апокалиптична“. Велат дека коловозите се лизгави и неисчистени, претпоставуваат дека тоа е и причината за несреќите. Од МВР потврдуваат дека сите настани се пријавени.

Скопје-Велес

На патот Скопје-Велес, возачи јавуваат дека има и превртено возило. На терен веќе има полиција.

„Според пријавеното, учесници се две товарни возила и едно патничко моторно возило. Полициски службеници се упатени кон местата каде се случиле овие несреќи и подетални информации ќе имаме подоцна“, велат од МВР и немаат информации за повредени лица

Автопат Миладиновци-Штип

Сообраќајки има и во Скопје. Пред малку, таква имало и во близина на скопската Железничка станица. Од МВР апелираат до возачите да возат внимателно и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот, особено поради снежните наноси.

Автопат Велес-Скопје

Би можело да ве интересира

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Снег на повеќе патни правци, укината забраната за камиони на Пресека

На Алјаска падна повеќе од 2,6 метри снег, се урнаа покриви на згради

Слаб снег на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Ѓавато

Студен бран во Македонија и дел од регионот

А1он