Сообраќајка за време на полициски час, двајца повредени

Од:

Во време на полицискиот час вчера во 19.35 часот на крстосница од улица „Илинденска“ и улица „Боро Вулиќ“ во Тетово се случила сообраќајна незгода во која се повредени двајца возачи.

При инцидентот е удрено во паркирано возило.

– Сообраќајката се случила помеѓу патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т.Р. (26) од Тетово, патничко возило „опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(27) од село Шемшево и патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистерски ознаки, паркирано од Е.Р. (24) од Тетово. Во незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи, кои биле пренесени во Клиничка болница-Тетово за укажување на лекарска помош, информираат од СВР Тетово.

Инаку, во изминатите 24-часа (25/26-мај), според статистиките на Секторот за внатрешни работи Тетово евидентирано е дека четири лицa, од кои едно лице над 67-години, не ја почитувалe одлуката за ограничено движење. Лицата биле лишени од слобода и против нив ќе бидат изготвен соодветни поднесоци за „непостапување според прописите за време на епидемија“.

Би можело да ве интересира

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски