Сообраќајка во Гостивар, жена е пренесена во болница

Од:

Во сообраќајна несреќа која се случи синоќа во 23.10 часот во Гостивар тешко е повредена жена, извести полицијата.

Сообраќајката се случи на улицата „Беличица“. Возило „пежо“ управувано од Л.Ќ.(23) од Гостивар се судри со возило „фолксваген голф“, чиј што возач по незгодата избега од местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здоби Л.Ќ. констатирани во Медицински центар Гостивар.

По преземени мерки возилото „голф“ било пронајдено и било утврдено дека е сопственост на Б.Ч.(43) од Гостивар.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски