Сообраќајка пред Владата, министрите Бесими и Бектеши биле во едно од возилата кои се судриле

Од:

Службено возило во кое биле министрите Фатмир Бесими и Крешник Бектеши учествуваше во сообраќајна несреќа пред Владата.

„Доцна попладнево, службеното возило со кое се превезував заедно со министерот за економија Крешник Бектеши на работен состанок во Владата беше учесник во сообраќајна незгода која се случи на крстосницата пред Владата.

Освен материјална штета на возилата, за среќа нема потешко повредени лица. Дел од учесниците се здобија само со полесни повреди. На повредените им посакувам брзо оздравување“, напиша Бесими.

Министерот Крешник Бектеши преку Фејсбук исто така потврди за несреќата и им посака брзо опоравување на повредените.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски