Сообрајќајот се одвива тековно по суви коловози

Од:

Сообрајќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно по суви коловози.
Во клисурите и усеците се можни поситни одрони, особено на патните правци: Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово и Катланово-Велес.

Екипите на ЈП Македонија пат редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.
Поради изведување градежни работи на пат на патниот правец Прилеп-Градско (Р106), 1 км пред тунел Фариш, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од 200м. Поставена е соодветна светлосна сигнализација за регулирање на сообраќајот. Можни се кратки застои во одвивање на сообраќајот.

На патниот правец Маврово- Дебар (Р409) кај Бошков мост сообраќајот се одвива по две коловозни ленти (каде е направен бајпас додека траат санациите на оштетената коловозна лента). Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, а на учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Информација за движење на патниот правец Р104 Скопје-Македонски Брод, преку н.п.Јасен од 1 Април 2013 година: Скопје-Македонски Брод од 06:00-09:00 часот и од 16:00-18:00 часот / Македонски Брод-Скопје од 05:00-06:00 часот и 18:00-20:00 часот.

На патниот правец Гостивар-Маврово во близина на Ново Село поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента регулиран со семафори.

На патниот правец Д.Капија-Удово кај тунелите се извршуваат градежни работи на пат. Сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента. Поставена е соодветна светлосна сигнализација за регулирање на сообраќајот. Можни се кратки застои во одвивање на сообраќајот.

Поради оштетување на мостот број 9 на реката Вардар, патниот правец Неготино-Лакавица е забранет за секаков вид сообраќај. Сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино- Криволак-Пепелиште но само за лесни возила.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Македонија и Косово заеднички ќе го градат тунелот на новиот патен правец Тетово-Призрен

Орце Костов

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Магла во Крушево: Намалена видливоста на патиштата

А1он