СОНК не отстапува, утре организира предупредувачки штрајк за повисоки плати

Од:

Синдикатот за образование, наука и култура-СОНК утре ќе организира предупредувачки штрајк во сите основни и средни училишта во земјава затоа што, како што рече претседателот Јаким Неделков, до денеска со МОН не е постигнат договор. Одлуката за штрајк на првиот училиштен ден СОНК ја донесе на 23 август затоа што не се согласува покачувањето на платите на наставниците да биде 5 проценти, туку за онолку колку што е зголемена минималната плата во државата, односно до 25 проценти.

И покрај апелот на реосорниот министер Арбер Адеми утре настава да има, Неделков на прес-конференција подоцна соопшти дека е дефинитивна нивната одлука за предупредувачки штрајк утре, а настава ќе има од вторник. СОНК овој месец ќе очекува преговори со МОН за да најдат заемно прифатливо решение, а ако го нема до крајот на месецов, можно е да организира генерален штрајк.

-Нашиот синдикат утре ќе штрајкува. Нашите членови и сите други кои не се наши членови, а сакаат да се приклучат кон штрајкот, ќе бидат во штрајк. Тоа значи дека ќе одат на работа, ќе бидат во просторија одредена за штрајк, но нема да ги извршуваат воспитно-образовните обврски и нема да ги прифаќаат учениците дојдени на училиште, рече Неделков.

Очекува поддршка и од родителите, а во однос на нивната збунетост дали утре да ги пратат децата на училиште, одговори дека не е надлежност на СОНК, туку на училиштата да укажуваат или апелираат дали да доаѓаат или да не. Притоа праша која е причината учениците утре да дојдат ако не бидат прифатени од наставниците и нагласи дека СОНК нема да биде одговорен ако се случи некоја несакана последица за здравјето и безбедноста на учениците.

Рече дека е зачуден и од локалните самоуправи кои за утре најавуваат приредби и свечености за првачињата како за нормално почнување на учебната година, а нивни извори, како што рече, им кажуваат дека се вршат притисоци врз наставници кои телефонски се повикуват утре да ги прифаќаат учениците.

-Вршењето притисок врз слободната волја на оној што решил да штрајкува е кривично дело и законски се казнува. До сите надлежни кои ќе се обидат да го опструираат или, условно речено, да го задушат штрајкот, апелирам да се преиспитаат и да не го прават тоа, зашто ако имаме материјални докази за таква работа, ќе поведеме кривични постапки, рече Неделков.

Министерот Адеми претходно на прес-конференција ги повика директорите и наставниците да се подготват за утре да почне новата учебна 2019/2020 година. Напомена дека се на иста страна со СОНК кога е во прашање материјалниот статус на наставниците и му порача на Синдикатот дека не се штрајкува кога има одлука за покачување од 5 проценти. Рече дека за 10,8 проценти е зголемена платата на вработените во основните и средните училишта од август 2018 година, со покачувањето од 5 проценти ланскиот септември и за нови пет отсто овој септември.

Би можело да ве интересира

Неделков: Вработените во Зоолошката постапиле согласно протоколите, на сметка на тоа се јавно линчувани

Јаневска: Зголемување на платите за пет отсто ќе добијат и другите кадри во образовниот систем

СДСМ: Наместо 12% наставниците добиваат само 5% зголемување на платите

Наставниците и професорите ќе добиваат плати повисоки за пет проценти, зголемување ќе имаат секоја година

Катерина Ѓуровски

Повисоки плати за наставниците сепак оваа година, Јаневска вели се појавила реална можност

Мицкоски на средба со СОНК: Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати