СОНК: Најновата Уредба е јасна, очекуваме изборната комисија при УКИМ да ги стопира и одложи сите активности

Од:

Се чини дека е јасна најновата Уредба на Владата за замрзнување на изборните активности на УКИМ сè до завршување на вонредната состојба во државата. Во текот на денот очекуваме изборната комисија при УКИМ да ги стопира и одложи сите свои активности, со што не би ги довеле во опасност по здравјето поголем број наши членови, како и останатите вработени во УКИМ, соопшти Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК).

Во спротивно, како што наведува Синдикатот, ќе имаат основано сомнение дека е направено кривично дело против здравјето и безбедноста на луѓето, како и злоупотреба на службената должност.

– Сигурни сме дека изборната комисија разумно ќе постапи и дека нема да има продолжување на изборниот процес сè до завршување на вонредната состојба. Доколку не се сопрат сите активности во врска со изборниот процес на УКИМ, голем број од нашите членови ќе бидат спречени да го дадат својот глас заради донесената Уредба од страна на Владата, со која во вонредни услови се ослободуваат од работа хронично болните работници, како и родител со деца до 10 годишна возраст. Исто така, во вакви околности е забрането групирање на луѓе, што практично би значело и невозможност да се излезе на гласање за сенатори, пишува во реакцијата на СОНК.

Во дописот потпишан од претседателот Јаким Неделков, Синдикатот посочува дека со внимание ја следи состојбата на УКИМ за избор на раководство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и дека со оваа реакција воопшто, како што наведува, нема намера ниту право да се меша во изборите на УКИМ, но дека СОНК има статутарно и морално право да се грижи за здравјето и безбедноста на своите членови.

– На кандидатите за сенатори и за ректор на УКИМ им посакуваме фер и коректна кампања, со надеж дека на раководните позиции ќе бидат избрани вистинските луѓе кои ќе се заложат со сиот свој капацитет за подигнување на квалитетот на високото образование, како и за подобрување на социјалниот статус на сите вработени во УКИМ, пишува во реакцијата од СОНК.

Би можело да ве интересира

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Бесплатни стоматолошки прегледи за студентите на УКИМ

УКИМ донира 3.800.000 денари за настраданите во Кочани

Студентите на УКИМ нема да организираат големи собири, на ниво на факултети ќе се искажува почит кон загинатите во Кочани

А1он

Студентите се собраа на заеднички час во чест на жртвите од трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

Студентите нема да одат на настава една недела, ќе организираат настани за почит на жртвите