СОНК ги негира тврдењата на Синдикатот на културата за Законот за култура

Од:

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) ги негира наводите на Синдикатот за култура на Република Македонија кој денеска најави протест пред Министерството за култура барајќи повлекување на измените на Законот за култура донесени минатата година.

Според СОНК,  не се точни тврдењата на Синдикатот на културата дека е суспендирано правото на колективното преговарање и оти платите на вработените во културата се регулираат со закон.

– СОНК и Министерството за култура се во завршна фаза од преговорите за потпишување на нов Колективен договор за културата, кој треба да се потпише најдоцна до крајот на јуни оваа година. Прашањето на висината на платите според сложеност на работно место е дел од новиот Колективен договор и токму тоа прашање беше причина за подолготрајно траење на преговорите помеѓу СОНК и Министерството за култура. Тоа јасно зборува дека платите во културата не се регулираат со Закон, како што се тврди од Синдикатот за култура, туку со Колективен договор, посочува СОНК.

Оттаму нагласуваат дека Предлог-колективниот договор ќе биде ставен на јавна расправа до крајот на мај и оти секој од вработените ќе може да даде свои предлози и сугестии.

Во соопштението се истакнува дека Министерството за култура има обврска да преговара и да остварува социјален дијалог само со репрезентативен синдикат, а таков, како што велат е СОНК.

Репрезентативноста на Синдикатот на културата денеска ја негираа и вработените на Центарот за култура „Јордан Костадинов – Џинот“ од Велес кои преку соопштение информираа дека не го поддржуваат најавениот протест поради тоа што Синдикатот на културата нема легитимитет да ги застапува сите национални институции од областа на културата.

Синдикатот на културата за денеска попладне најави протест пред Министерството за култура барајќи повлекување на измените на Законот за култура со кои според нив е суспенцирано правото на колективно преговарање.

– Не се согласуваме нашиот труд и квалитет да биде оценуван од странци во комисии за избор и реизбор, не се согласуваме да бидеме вреднувани според „учинок“, не се согласуваме нашите плати да бидат однапред законски дефинирани со што се оневозможува елементарното право тие да бидат предмет на колективно договарање, велат од Синдикатот на културата.

Би можело да ве интересира

Вечерва официјално се затвори МТФ Денови на комедија Куманово 2025 при што се доделија и наградите

Предраг Петровиќ

Објавен е регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“ за 2025 година.

Предраг Петровиќ

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ вечерва го затвора 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“: Боите на фолклорот на Јуруците за мене како кинематографер беа највпечатливи, рече Наум Доксевски

Вчера вечер во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово се отвори МТФ Денови на комедија 2025 година.

Предраг Петровиќ

Од печат излезе нова книга на Авдулах Рамчиловиќ: “Има време”

„Матица македонска“ го објави романот „Турчинот шахист“ од Шурбатовиќ во превод на македонски јазик