СОНК бара активно учество во подготовката на законите во образованието

Од:

Вработените во образованието заслужуваат многу поголеми плати отколку зголемувањето од пет проценти кое наставниците во основно и во средно го добија во септември и повторно ќе го добијат наесен, смета Јаким Неделков, претседател на Синдикатот за образование, наука и култура-СОНК.

-Бараме да се зголемат платите за онолку проценти колку што на национално ниво е зголемена минималната плата, рече Неделков по средбата со министерот Арбер Адеми, на која побарал социјалниот дијалог да се крене на највисоко ниво за Синдикатот да придонесе во подготовката и донесувањето квалитетни закони.

Неделков нагласи и дека во реформирањето на нивоата и видовите образование важно е да се заштитат наставниците од технолошки вишок, особено во средното стручно образование за кое реформите треба да се применуваат од идната учебна година.

-Се обидуваме да придонесеме и да не дозволиме да има технолошки вишок. Ако има социјален дијалог на највисоко ниво, тогаш ниту еден вработен во дејноста образование нема да остане без работа, т.е. без час, рече Неделков по средбата, на која, како што рече, се договориле со МОН да ги интензивираат разговорите за да се направат добри нацрт-закони.

Во остварувањето на таа цел СОНК има поддршка и од Европската конфердерација на синдикални организации, која има повеќе од 13 милиони членови од 132 држави. Според директорката Сузан Флокен, за квалитетно образование се важни платите на наставниците, но и нивната обука и постојан професионален развој. За да биде привлечна наставничката професија во неа треба да се вложува и таа да се поддржува, а важна улога во тоа има социјалниот дијалог.

Министерот Адеми посочи дека МОН е отворено за сите прашања што го засегаат СОНК и наставниците. Истакна дека работат на две компоненти – едната се платите, кои и овој септември ќе бидат зголемени за пет проценти, а првпат покачување наесен ќе добијат и вработените во високото образование, а истовремено, рече, работат и на подобрување на статусот на наставниците во општеството и враќање на достоинството што тие порано го имале. За оваа цел, рече Адеми, имаат тесна соработка со домашни и со меѓународни партнери.

Би можело да ве интересира

Неделков: Вработените во Зоолошката постапиле согласно протоколите, на сметка на тоа се јавно линчувани

Јаневска: Зголемување на платите за пет отсто ќе добијат и другите кадри во образовниот систем

СДСМ: Наместо 12% наставниците добиваат само 5% зголемување на платите

Наставниците и професорите ќе добиваат плати повисоки за пет проценти, зголемување ќе имаат секоја година

Катерина Ѓуровски

Повисоки плати за наставниците сепак оваа година, Јаневска вели се појавила реална можност

Мицкоски на средба со СОНК: Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати