Сончево со умерена облачност и слаб ветер

Од:

Времето денеска ќе биде сончево, во југозападните делови претпладне со умерена облачност и ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Минималните температури ќе се движат од 1 до 11 степени Целзиусови, а максималните од 19 до 27 степени Целзиусови.

Во Скопје сончево време со слаб променлив ветер, со температура до 24 степени Целзиусови.

Од Управата за хидрометеоролошки работи, најавуваат дека од вторник облачноста ќе се зголеми, а во среда кон крајот на денот и во четврток претпладне ќе има врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе се намали за околу пет степени. Потоа нов поинтензивен влажен бран се очекува во петок кон крајот на денот и во сабота.

Би можело да ве интересира

Денеска променливо облачно, температурата до 18 степени

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер

Денеска променливо облачно, температури до 16 степени

Денеска претежно облачно со слаб локален дожд

Времето денес: Претпладне сончево, попладне променливо облачно и ветровито