Сончево и топло, температурата до 23 степени

Од:

Времето денеска во земјава претпладне ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен вветер. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.

Во Скопје, претпладне сончево со услови за слаба утринска магла, а попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб, а попладне и во вечерните часови умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Во недела и понеделник ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец кој ќе предизвика позначителен пад на температурите, така што дневните ќе опаднат за 7-10 степени во однос на утрешната, а утринските од почетокот на следната седмица на повеќе места ќе се спуштат под нулата.

Би можело да ве интересира

Денеска студено утро, а потоа сончево и топло до 20 степени

Денеска сончево и топло со температури до 18 степени

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 19 степени

Денеска сончево со слаб ветер, температура до 16 степени

Денеска променливо облачно време со сончеви периоди

Денеска сончево со минусни утрински температури, преку ден до 15 степени