Сончево и топло, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност.

Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Во деновите од викендот, како што информираа од УХМР, времето ќе биде стабилно и малку посвежо и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Од понеделник ќе продолжи период на стабилно, претежно сончево и топло време со пораст на температурите.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево со минусни утрински температури, преку ден до 15 степени

Денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност

Горан Наумовски

Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност

Денеска сончево и топло време, максимални 32 степена

Ведро и посвежо утринава, преку ден сончево

Денеска ќе е сончево и топло