Сончево и топло, до 30 степени

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Попладне облачноста ќе се зголемува.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени.

Како што информира УХМР, во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со умерена облачност.

Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 30 степени.

Во понеделник попладне ќе има услови за изолирана нестабилност, а од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Наместа ќе има услови за појава на невреме. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево со слаб ветер, температура до 16 степени

Денеска променливо облачно време со сончеви периоди

Денеска ќе е сончево и студено

Денеска сончево со минусни утрински температури, преку ден до 15 степени

Денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност

Горан Наумовски

Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност