Сончево и многу топло, температура до 41 степен, од утре освежување

Од:

Топлотниот бран што ја зафати земјава и денеска носи многу високи температути кои ќе достигнат до 41 степен. Ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, над 60 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 41 степен.

Препораките за заштита на населението од високите температури кои Владата ги донесе на 5 јули завршуваат денеска.

Според најновата прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), земјава ја очекува голема временска промена, од топлотен бран до силен северен ветер и значително заладување.

Од среда навечер и особено во четврток, под влијание на посвежа воздушна маса од север, температурите ќе се намалат дури за 8 до 10 степени. Ќе дува засилен северен ветер, а во северниот дел на државата се очекува повремен дожд.

Во петок има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, но за време на викендот времето повторно ќе се стабилизира. Ќе биде сончево, со мала до умерена облачност, и со постепен пораст на дневните температури.

Во Скопје, денеска сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 41 степен.

Би можело да ве интересира

До четврток малку пониски температури, од петок повторно затоплување

Екстремни температури од над 40 степени, да се почитуваат мерките за заштита

Топлотен бран во земјава, издадени предупредувања за заштита на населенеието

Сончево и топло, со температура до 39 степени

А1он

Сончево и топло, со температури до 37 степени

Наредната недела нов топлотен бран со температури и над 40 степени