ВИДЕО: Сомнежи за полнење гласачки кутии во Зајас, за два часа гласале 297 лица

Од:

На денешната јавна седница ДИК го поништи гласањето на избирачкото место 0816 во Зајас, општина Кичево, откако утврди дека на списокот биле потпишани дека гласале 412 лица, а во избирачката кутија имало 416 гласачки ливчиња.

Но, приговорот кој се однесуваше на ова избирачко место поднесен од штабот на Гордана Сиљановска Давкова се однесуваше на податоци поврзани со одѕивот на гласање. Од таму изразија сомнеж за полнење на гласачките кутии затоа што излезноста на гласачите до 15 часот била 110 лица, во 17 часот според податоците, гласале 407 лица. Ова во приговорот се толкува дека значи оти еден гласач гласал на секои 25 секунди, за да може 297 лица да гласаат за само два часа, што според нив, е индиција за полнење кутии.

Мнозинството членови на ДИК констатираа дека иако не можат да утврдат дали станува збор за полнење на кутијата, одлучија да го отворат избирачкиот материјал за да ги отстранат сомнежите, кои како што рече членот на ДИК Елизабета Постоловска, се провлекувале уште од референдумот.

По увидот во изборниот материјал ДИК го поништи гласањето на ова избирачко место, но одлучи да не се повтори гласањето, затоа што нема да влијае на крајниот изборен резултат.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

ДИК ги објави конечните резултати за Скопе и 29 општини

Катерина Ѓуровски

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември