Солзи и свеќи за струмичанецот Мите Ѓоргиев

Од:

Солзи, тага и болка и  запалени свеќи. Струмица денеска се прости од  Мите Ѓоргиев, кој како доброволец храбро се бореше против  огнената стихија  над Струмица .

Мите Ѓорѓиев, кој доброволно, како и многумина се јавија сами да ја спасат својата Струмица,  подлегна на тешките повреди од пожарот. Ќе биде погребан утре, на градските гробишта во Струмица.
 
Триесет годишниот Мите не го дочека раѓањето на своето првенче. Неговото дете на свет треба да дојде за неколку месеци.

Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, кој и самиот несебично учествува во гасењето на пожарот,  упати сочувство до  семејството на Ѓорѓиев.

„Длабоко ме потресе веста за прераната смрт на големиот херој Мите Ѓоргиев кој водејќи храбра и пожртвувана битка ја изгуби битката за преживување. Името на Мите Ѓорѓиев ќе остане вечно во меморијата на Струмица и струмичани како голем човек кој го жртвуваше својот живот за доброто на својот град и своите сограѓани“, вели Заев.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите