„Солидарност“: Тешко ранетата власт веќе не бира средства во политичката борба за опстанок

Од:

„Македонија веќе извесно време се наоѓа во длабока политичка криза. Денес, постои закана за нејзино продлабочување и преминување во безбедносна криза. Власта, откако го загуби легитимитетот веќе е непредвидлива  и опасна. Ние се сомневаме дека наместо за безбедноста на државата и народот, таа се грижи првенствено за зачувување на сопствената позиција и моќ.

Во изминатиов период беа oткриени бројни докази за подлоста и бескрупулозноста на владеачката коалиција, кои меѓу другото се однесуваа на нивната подготвеност да си поигруваат и да ги инструментализираат етничките чувства на граѓаните, само за да ги обезбедат своите позиции“, се вели во писменото соопштение на „Солидарност“.

„Со голема недоверба гледаме кон лиферувањето на вестите за наводниот терористички напад во Липковско и се сомневаме во официјалниот дискурс кој побрза да прогласи терористички напад без никаква истрага, и без да даде никакво објаснување. Од друга страна, вестите од теренот говорат за сосема спротивна реалност: во Гошинце е мирно и нема траги од терористички напад.

Граѓаните не можат да му веруваат на она Министерство за внатрешни работи кое, според сопствените признанија, со години работи како партиски штаб, кое самата министерка го нарекува „МВРО,“ кое ја крие смртта на жртвите на полициската бруталност, нелегално прислушкува и следи илјадници граѓани, и помага во уништувањето на сите оние кои ѝ излегуваат на патот на оваа власт!

Осврнувајќи се на политичката криза и можните идни сценарија, Солидарност, пред два месеци предупреди за опасноста од активирање на подземни сценарија заради разгорување на меѓуетнички тензии. Денес, се чини, тие сценарија стануваат реалност.

Стравот, несигурноста и неизвесноста се директни последици на процесот на разорување на безбедносниот апарат и неговата злоупотреба за тесно-политички интереси. Затоа, во овој момент, погласно и посилно од кога било, мора да вложиме напори да го победиме тој страв. Тоа може да се случи само со наше самостојно солидарно, одговорно, смирено и трезвено делување! Додека на власт се ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, граѓаните на Македонија се оставени сами на себе, и затоа сите ние мора да бидеме будни, да не наседнуваме на провокациите и да бидеме миротворци, па дури и пожарникари во периодот што доаѓа.

Очигледно е дека тешко ранетата власт веќе не избира средства во политичката борба. Но, ние ќе ги амортизираме ударите на разјарениот режим! Нивниот крај е на повидок. Ќе се избориме тие да си заминат од политичката сцена, и сите заедно и солидарно ќе го градиме новото демократско и социјално праведно општество“, пишува во соопштението на левичарското движење „Солидарност“

Би можело да ве интересира

Џафери не ја стави на гласање Декларацијата на Левица за Палестина оти не била преведена на албански

Орце Костов

Амандманска расправа за законот за данок на солидарност

(ВИДЕО) Тодев: Полицајците во Танушевци и Гошинце немаат вода за пиење

А1он

„Солидарност“ демантира дека ќе се вклучи во формирање партија

Ана Ололовска

Солидарност: Власта е соучесник во експлоатацијата на работниците

Ана Ололовска

Солидарност: Борбата против малигниот груевизам во општеството мора да продолжи!

Емир Латифовиќ