„Солидарност“: ДУИ има морална и политичка одговорност да се повлече од Владата

Од:

„Левичарското Движење „Солидарност“ внимателно ги следи настаните кои се развиваат. Сметаме дека е разнишан уставниот поредок и демократските институции на Република Македонија и сметаме дека владата нема легитимитет да владее ниту ден повеќе!

Во врска со изјавата на  пратеничката Ермира Мехмети, за потребата од преодна влада на чие чело би бил припадник на албанската заедница, „ЛД Солидарност” како надетничкa и антинационалистичкa организација смета дека не е важно од која националност ќе биде личноста што ќе биде на чело на преодната влада, но особено е важно  да се овозможи враќање на демократијата и социјалната правда и организирање слободни и демократски избори, по спроведени сериозни подготовки“, се вели во соопштението на „Солидарност“.

„Со други зборови „ЛД Солидарност“ ја охрабрува ДУИ доколку размислува да излезе од владата, тоа јасно да и го соопшти на јавноста, наместо да го насочува јавното мислење кон прашања кои им даваат сила и идеи на национал-шовинистите.

ДУИ меѓудругото, побара и доби поддршка од граѓаните на Македонија и според тоа ДУИ има морална и политичка одговорност да се повлече од владата која го изгуби легитимитетот.

Политичката криза во земјава, која го разоткри грдото лице на манипулативното и авторитарно владеење  е вистински  моментот за темелна реформа на политичките партии во граѓански и надетнички политички субјекти кои ќе ги интегрираат пошироките слоеви од повеќе етнички заедници во извршните тела со одлучувачка моќ, без етикетирање и лицитирање во опортун момент кој им дава сила на националистичките струи во Македонија“, велат од „Солидарност“.

Би можело да ве интересира

Понижувањето стана секојдневна реалност за Албанците, оваа моноетничка влада ја врати земјата со децении назад, велат од ДУИ

За да оди на протест на поранешната ОВК во Тирана, Ахмети ги откажа настаните на последниот ден од кампањата

Мицкоски до ДУИ: Јас не сум албанофоб, туку криминалофоб кој ги презира криминалците кои во политиката влегоа голтари, а излегоа милионери

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Албанците не се ДУИ, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ниту мразат некого, ниту пак се албанофоби, Османи и ДУИ се тие кои ниту сакаат ниту почитуваат некого

ДУИ: Мицкоски јасно ја откри својата политичка опсесија за контрола врз албанската сцена во Македонија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дел од граѓаните ќе одат со Албанија, дел со Бугарија, ако не продолжи патот кон ЕУ, порача Ахмети од Тетово