Левичарското движење „Солидарност” со огромна загриженост ја прими веста за одлуката на Апелациониот суд со која новинарот Томислав Кежаровски е осуден на двегодишна затворска казна затоа што беше чувар на слободната мисла и слободното новинарство.
„Затворите не постојат за да се полнат со луѓе кои се спротивставиле на власта! Барем не во демократски земји. Осудата на Кежаровски е уште еден доказ, неброен по ред, дека сегашната власт во Македонија веќе длабоко ја има нарушено демократијата. Фактички, дека ја има укинато демократијата! И нека не се затскрива Владата зад наводно самостојните одлуки на судовите! Тие пресудуваат спротивно на законите и принципот на справедливост поради притисоците од недемократската власт!
Борбата за слобода на Кежаровски е борба за слобода на сите нас! Даваме целосна поддршка на протестот кој ќе се одржи утре вторник, 20 јануари 2015, пред Апелационен суд, со почеток во 12 часот. И ги повикуваме сите обесправени во Македонија да го изразат својот револт поради задушувањето на слободата во нашата земја“, се вели во соопштението на „Солидарност“.